Прв пораз за македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2024

09.03.2023 21:30

Поразот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за избраниците на селекторот Кирил Лазаров е прв во квалификациската Група-1 за пласман на Европското првенство 2024.

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Португалија со 23:29 (11:14 полувреме). Поразот за избраниците на селекторот Кирил Лазаров е прв во квалификациската Група-1 за пласман на Европското првенство 2024.

Најефикасни во македонскиот национален тим беа Филип Кузмановски и Мартин Серафимов.

Двете репрезентации в недела во Порто ќе го одиграат уште еден натпревар.

Португалците се први на табелата со максимални шест бода, Македонците имаат четири на втората позиција, Турција е трета со два бода, последен е Луксембург без освоен бод.