Временска прогноза
Облачно со врнежи од дожд
10.03.2023 08:06
Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме. Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 8°C, а максимумот од 13 до 18°C.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.
