Тенис

Тим го доби Вавринка, Федерер Лео и Лени

07.05.2014 00:40

Интересен втор натпреварувачки ден на  тенискиот турнир во Мадрид. Уште на стартот мастерсот остана без 3-от и 4-от носител, Станислас Вавринка и Роџер Федерер. И додека Вавринка дефинитивно го приреди најголемото изненадување со поразот од 70-от на ранг листата австриецот Доминик Тим, Федерер по втор пат доби близнаци, Лео и Лени, откако неколку часа порано го откажа учеството на турнирот во очекување на среќниот настан.

Интересен втор натпреварувачки ден на  тенискиот турнир во Мадрид. Уште на стартот мастерсот остана без 3-от и 4-от носител, Станислас Вавринка и Роџер Федерер. И додека Вавринка дефинитивно го приреди најголемото изненадување со поразот од 70-от на ранг листата австриецот Доминик Тим, Федерер по втор пат доби близнаци, Лео и Лени, откако неколку часа порано го откажа учеството на турнирот во очекување на среќниот настан. Претходно отсуство најави и 2-от на светската ранг листа Новак Ѓоковиќ, па патот на Надал до одбрана на трофејот е се почист.

104 минути траеше возбудливиот дуел од 2-то коло меѓу квалификантот, 20-годишниот Тим и минатогодишниот финалист Вавринка со епилог што речиси никој не го очекуваше. Швајцарецот отвори убедливо со 6-1 во првиот сет, иако наиде на достоен, неочекуван отпор од австриецот. Неизнудените грешки внесоа видна нервоза кај Вавринка , но се очекуваше дека искуството и квалитетот ќе превагнат на негова страна. Се случи спротивното. Раниот брејк во вториот сет максимално ја подигна самодоврбата кај Тим кој импресионира со сигурноста и со разновидниот репертоар квалитетни удари што го принудија швајцарецот да се брани далеку зад основната линија. Тим врати со 6-2 во вториот сет, а откако на почетокот на третиот спаси брејк веќе ништо не можеше да го запре. Решавачкиот трет сет го доби со 6-4 за веројатно најголемата победа во неговата кариера.

Пласман во 1/8финалето обезбедија и Баутиста, Раониќ, Нишикори и Ферер.