ГЕРМАНИЈА

Смртоносен напад врз Jеховини сведоци во Хамбург

10.03.2023 09:25

Напаѓачот кој синоќа усмрти и рани неколку лица во објект на Jеховините сведоци во германскиот град Хамбург, најверојатно се самоубил по крвавиот пир...

Напаѓачот кој синоќа усмрти и рани неколку лица во објект на Jеховините сведоци во германскиот град Хамбург, најверојатно се самоубил по крвавиот пир.

„Полицајците кои пристигнаа на местото затекнаа неколку луѓе тешко повредени, но и со прострелни рани на приземјето од зградата. И самите слушнале уште еден истрел од горниот кат каде што пронајдоа уште едно усмртено лице. Засега немаме индикации дека сторителот е во бегство, туку дека тој е меѓу мртвите“, изјави Холгер Верен, портпарол на полицијата во Хамбург.

Грегор Мисбах, кој живее во близина каде што се случи масакрот, го слушнал истрелот и снимил лице кое влегува во зградата низ прозорецот.

„Слушнав истрели. Погледнав и видов еден човек како пука низ прозорецот на зградата. Прво не ни сфатив што се случува, па почнав да снимам со мобилниот. Тогаш сфатив дека некој пука врз Jеховините сведоци. Слушнав веројатно 25 истрели“. Вели Грегор Мисбах, очевидец.

Засега не е познат мотивот за нападот.