Кина

Кинескиот лидер Си Џинпинг доби трет петгодишен мандат

10.03.2023 09:38

Одобрено е и најголемото реструктурирање на владата во последната деценија, која треба да ја зајакне втората по големина економија во светот за меѓународен натпревар...

Кинескиот лидер си Џинпинг доби трет петгодишен мандат како претседател, со што го осигури патот да остане доживотно на власт во време на тешки економски предизвици и зголемени тензии со САД. Сите 2.952 делегати на народниот конгрес гласаа „за“.

Одобрено е и најголемото реструктурирање на владата во последната деценија, која треба да ја зајакне втората по големина економија во светот за меѓународен натпревар. Во наредните два дена се очекува да бидат назначени и неговите лојални следбеници.