Руско - украински конфликт
Зеленски: Украина е решена да победи
10.03.2023 09:40
Зеленски во моментов не може да замисли средба со Путин. Во земјата и натаму одекнуваат сирени...

Украина е решителна да победи во војната, изјави претседателот Зеленски кој додаде дека во моментов не може да замисли средба со Путин.
Во земјата и натаму одекнуваат сирени. Големи руски напади со ракети и дронови, регистрирани во најмалку 10 региони. На удар и енергетските објекти. Најжестоко на истокот од земјата. Има загинати и повредени.
Папата Франциск тврди, војната во Украина не е водена само од интересите на Русија.
