МВР

Приведен крадец во струмичко за издржување казна затвор од три години

10.03.2023 10:22

Во с. Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје...

Вчера во 15.50 часот во с. Баница, струмичко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(32) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.