ИН МЕМОРИАМ Војо Стојановски(1949-2014)
07.05.2014 01:59
По кратко боледување вечерва на 65 години почина македонскиот музичар, автор и пеjaч на народна музика Војо Стојановски.
Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, кичевско.
Негови најпознати песни кои оставија трага во македонската народна музика се „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“.
