Акциска сообраќајна контрола, 47 санкционирани возачи
Секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведоа акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08.00 до 16.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. При контролата, санкционирани се 47 возачи. Од нив, седум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки поради возење за време на прекршочна санкција (забрана за управување со моторно возило).
Во однос на возилата кај 33 констатирани се неправилности и преземени се мерки, од кои осум за неисправни сопирачки, пет поради измината важност на сообраќајната дозвола. За време на контролата санкционирани се и 156 други видови на прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
