Првите 10 земји кои се пласираа во финалето на „Евросонг“

07.05.2014 02:08

Познати се првите 10 финалисти на изборот за песна на Евровизија кој оваа година се одржува во Данска.

Русија, Украина, Азербејџан, Сан Марино, Унгарија, Холандија, Црна Гора, Исланд, Ерменија и Шведска се земјите кои обезбедија пласман во саботното финале.

Македонската претставничка Тијана Дапчевиќ ќе настапи во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи во четврток.