Здравство

Со законски измени ќе се овозможи директна набавка на „Трикафта“

10.03.2023 13:14

Почнува лекувањето на осум пациенти со цистична фиброза со „Трикафта“. Современата терапија ќе ја добијат оние кои се во потешка здравствена состојба. Се прават напори за лекување на уште четворица, бидејќи лекот бил набавен по пониска цена...

Почнува лекувањето на осум пациенти со цистична фиброза со „Трикафта“. Современата терапија ќе ја добијат оние кои се во потешка здравствена состојба. Се прават напори за лекување на уште четворица, бидејќи лекот бил набавен по пониска цена.

Другите ќе мора да ги чекаат законските измени за да може државата да купува „Трикафта“ директно од единствениот производител. Двајца кои се во критична состојба веќе се хоспитализирани на клиниката за пулмологија. Станува збор за таблетарна терапија која пациентите со цистична фиброза ќе ја добиваат еднаш месечно.

Лекарите очекуваат позитивен ефект од терапијата во однос на подобрување на нивната белодробна функција и подобрување на квалитетот на животот. На „Трикафта“ се надеваат околу 130 пациенти со цистична фиброза. Од Здружението на пациенти предупредуваат дека е потребно да се најде системско решение за сите болни.