Се зголемува контролата на земјоделските култури
07.05.2014 09:16
Фитосанитарната инспекција ќе ја зголеми контролата земјоделските култури. Со примена на нови методи ќе се прверуваат и карантинските растителни болести...

Фитосанитарната лабораторија по одобрувањето на методите, ќе почне со откривање и на карантинските вируси при увозот на раститенијата.
Целта е навремено откривање на болестите и штетниците, и сигурен семенски и саден материјал за фармерите.
Инспекторите имаат поголема контрола на увезените растренија и препаратите за заштита, потоа во земјоделските аптеки и на самата нива.
Имаат поголем увид на здравствената состојба на оранжериското производство,тутунот и семенскиот компир.
Со користење на вака заштитените растенија се зголемува можноста за заработка и за производство на безбедна храната за потрошувачите.
Методија Трајков
