мвр
Приведени крадци од гостиварско, пронајдени дел од украдените предмети
10.03.2023 13:42
Тие се сомничат дека на 08.03.2023 извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И.Х.(62)...

Вчера околу 21.45 часот во с. Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Х. и малолетник од ова село.
Тие се сомничат дека на 08.03.2023 извршиле тешка кражба во магацин на стоматолошка ординација во селото, сопственост на И.Х.(62). Кај Ф.Х. биле пронајдени и одземени дел од предметите кои потекнуваат од кражбата.
Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни пријави, информираат од МВР.
