Премиера на театарската претстава „На отворено море“
Првата премиера во Народниот театар во Битола за 2023година е претставата „На отворено море“ по текст на Славомир Мрожек,во режија на познатиот Благој Мицевски и драматургија на Оливера Павловиќ. Истата ќе се одржи на 11-ти март на сцената на битолскиот театар...

Првата премиера во битолскиот театар „На отворено море“ во режија на Благој Мицевски не носи на едно туристичко патување во морето на бесконечните политички игри, барајќи одговори на прашањата што отсекогаш го засегале човештвото-како е да се биде човек во условно кажано нечовечки околности. Ова е копија на славниот „Титаник“ и автентичното патување на бродолом на кој на бродоломците не им останува ништо друго освен додека трае патувањето да си поигруваат живот.
За да не звучи текстот апсурдно, и да биде актуелен со помош целата екипа, приказната добива друг контекст, станува збор за тоа како во еден определен момент како човеково суштество да се најде сила и да се погледне на вистината во очи. Знаеме дека тоа никогаш не е лесно, односно тоа е процес којшто секогаш е интензивен, некогаш болен, некогаш интересен или пак апсурден. Тоа се ситуации во кои секојдневно се наоѓаме. Вели режисерот Мицевски.
Еден од ликовите во претставата вели „живееме во еден свет во кој што има еден куп разни современи болести, ова може да се сфати метафорично, но и реално. Со оглед на пандемијата која не зафати научивме дека најважно е како да преживееме, слично како и ликовите на палубата кои се ставени во ситуација како да преживеат. Она што сакаат истите да го прикажат е како основните позитивни човекови вредности пријателството, емпатијата, пожртвуваноста, помошта, љубовта да се одржат не само на сцената туку и во реалниот живот.
Актерот Никола Пројчевски е еден од патниците на палубата, за својата улога вели дека таа е еден од најлошите ликови.
Ова е прва од низата премиери коишто ќе можеме да ги проследиме година. Веќе на 8-ми април е следната премиера е на претставата „Ако останеш дома“ во режија на Јовица Ристовски.
Александра Максимовска
