Невреме

Снежна бура во Британија, торнадо во Франција

10.03.2023 14:47

Бурата „Лариса“ предизвика големи проблеми во Велика Британија. Торнадо предизвика материјална штета во француското село Понтерион...

Бурата „Лариса“ предизвика големи проблеми во Велика Британија. Многу возачи останаа заглавени на автопатиштата, а затворени се и многу аеродроми.

Според метеоролошката канцеларија најлошото време се очекува во северозападен Велс и северна Англија, со налети од околу 80 километри на час.

Торнадо предизвика материјална штета во француското село Понтерион. Торнадото носело се пред себе. Речиси сите автомобили во селото биле уништени и голем број покриви разнесени.