Кривичен суд

Марјан Стаменковски не се чувствува виновен, адвокатот очекува ослободителна пресуда

10.03.2023 14:56

Сопственикот на порталот „ДоказМ“ Марјан Стаменковски рече дека не чувствува вина за обвинението што му се става на товар вклучувајќи го и делото уцена...

Сопственикот на порталот „ДоказМ“ Марјан Стаменковски рече дека не чувствува вина за обвинението што му се става на товар вклучувајќи го и делото уцена. Судењето продолжи со изведување на докази, а одбраната се надева дека ќе добијат ослободителна пресуда.

Судењето се врши зад затворени врати за да се заштитат жртвите и да не се изнесуваат нивни лични информации.

Стаменковски е обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.