Македонија

Отворена првата градска биотехнолошка лабораторија

10.03.2023 15:24

Во скопското средно училиште „Марија Кири-Склодовска“, отворена првата градска биотехнолошка лабораторија. Ќе се врши трансформација на биоотпад и биотехнологија што ќе поттикне иновации и образование за изнаоѓање решенија за заштита на животната средина...

Дизајнирање на трајни решенија за комплексните еколошки предизвици, но и доближување на науката до младите и иноваторите. Ова е целта на отворањето на првата градска биотехнолошка лабораторија во средното училиште на Град Скопје, „Марија Кири – Склодовска“.

Лабораторијата е отворена од УНДП, УНИЦЕФ, со поддршка од Град Скопје им останува на користење на училиштето, со која ќе стопанисува јавното претпријатие „Дрисла“.

Претставничката на мисијата на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, рече дека се надеваат оти ќе се поттикне интересот меѓу студентите да почнат кариера во полето на науките и во полето на иновации и претприемништво, што се одржливи од аспект на заштитата на животната средина.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, кажа дека До 2050-та година се очекува дека, дури 60 проценти од вкупното светско население ќе живее во градовите. Токму затоа, потребно е да се најдат начини, животот во градовите да стане полесен и поодржлив за оваа популација.

Катерина Топалова