Денес ќе се одбележи „7-ми мај“ - ден на македонската полиција
07.05.2014 09:41
„7-ми Мај“, денот на македонската полиција Во Центарот за обука на кадри во Идризово денеска ќе се одбележи со цела плејада на манифестации.

Пред гостите и претставниците на медиумите ќе се обрати првиот човек во МВР, Гордана Јанкулоска.
Како дел од активностите на денот на полицијата ќе биде положено цвеќе пред споменикот на паднатите припадници на МВР, како и ред други активности: крводарителни акции, посета на Домот за деца без родителска грижа “11 Октомври“, домот за донечиња и мали деца во Битола.
