Продолжува соработката помеѓу македонската и армијата на САД
Вежба на Криволак на македонската и американската војска. На полигонот летаа хеликоптерите „Блек хок“. Отвореноста на просторот оставила впечаток кај американските сојузници…

Американските копнени сили од Алабама во состав на НАТО мисијата КФОР на Косово од 5-ти до 11-ти март за првпат на армискиот полигон Криволак на обука за блиска воздушна поддршка со два борбени хеликоптери „Блек хок“. Презадоволни се од полигонот поради отвореноста на просторот и кој недостига за тренинг во САД. Исто како и од соработката и логистичката поддршка од македонската армија.
„Криволак е полигон за обука од светска класа кој нуди одлични услови за вежбање и дека ваквиот тип на обуки исто така ја покажуваат и потврдуваат силата на соработката и партнерството помеѓу САД и Република Северна Македонија“, изјави американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.
САД и Македонија ќе продолжат да работат на развој на полигонот Криволак со цел заеднички да се реализираат уште повеќе вежби и обуки.
„Минатата година за само шест месеци одржани се десет повеќедневни вежбовни активности на сојузничките армии и на партнерите од НАТО, а нашата Армија се разбира секој месец по неколку пати во текот на месецот ги извршува своите редовни вежбовни активности, меѓутоа и обуките на нашите припадници“, нагласи министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Криволак е тренинг центар од светски размери, велат сојузниците од НАТО кои вежбале на полигонот.
Сојузништвото меѓу САД и Македонија се гледа и во американската поддршка на македонската армија која само лани изнесува 137 милиони долари.
Ирина Гелевска
