Тетово

Се чека пресуда за убиството на 16-годишното момче од Желино

10.03.2023 17:23

Почна и заврши судскиот процес против 18-годишната девојка од тетовско село Рогле обвинета дека лани на 22-ри декември убила 16-годишно момче, чиешто тело беше извадено утредента од реката Пена, во месноста Бањиче. Детали не се соопштуваат, оти се работи за обвинето малолетно лице, а пресудата ќе биде објавено дополнително.

Завршен е судскиот процес против 18-годишната девојка од тетовското село Рогле, која се товари за убиство на 16-годишно момче од Желино.

Детали од денешното прво и последно рочиште не се соопштуваат, велат од Основниот суд Тетово оти на 22-ри декември кога се случија трагедијата, девојката била малолетна, односно имала 17 години. Пресудата, како што информираа, ќе биде објавена дополнително.

Наредбата на судот е да не се соопштуваат информации за кривичните предмети, кои се однесуваат за малолетници, вели адвокатот на обвинетата.

Девојката од тетовското село Рогле е обвинета дека со тврд предмет го нападнала момчето од Ново Село, кои биле заедно во тетовско Бањиче.

Основното Јавно обвинителство утредента по настанот, информираше дека осомничената 17-годишна девојка со умисла го лишила од живот момчето, удирајќи го со предмет неколку пати по глава, а потоа го турнала во реката Пена. Момчето по седумчасовна потрага, беше пронајдено по течението на реката.

Зоран Димовски