Привремена мерка за земјоделките, се чека системско решение
Министерството за земјоделство ја ефектуира привремената мерка за платени девет месеци мајчинство за жените земјоделки, а Министерството за труд и социјална политика и Националната федерација на фармери се надеваат и на системско решение. Државата ги зголемува грантовите за малите стопанства за производство на храна…

По 81.000 денари за девет месеци ќе добиваат жените земјоделки кои родиле од декември минатата до крајот на оваа година. Тоа е привремена мерка на Министерството за земјоделство, а сите се надеваат дека годинава ќе стигне и системско решение.
Националната федерација на фармери ќе инсистира и на платеното боледување за земјоделците.
Министерството за земјоделство најавува и грантовска поддршка на малите земјоделски стопанства и на традиционалното и најбитно производство на храна. Огласите се објавени.
За три години, за 5.000 се зголемил бројот на регистрирани жени носителки на земјоделските стопанства. Државата посебното поддржува производството на 25 производи, битни за земјоделско стопанскиот развој.
Елизабета Митреска
