Свет

Претставничкиот дом на САД одобри декласификација на податоците за потеклото на Ковид

10.03.2023 19:52

Одлуката ја поддржаа сите пратеници на Републиканската и Демократската партија, без ниту еден воздржан - резултатот беше 419:0, а останува само да биде потпишан од претседателот на државата Џозеф Бајден за да стапи на сила.

Претставничкиот дом на САД денеска едногласно го поддржа симнувањето на ознаката за тајност од американските разузнавачки информации за потеклото на Ковид-19.

Одлуката ја поддржаа сите пратеници на Републиканската и Демократската партија, без ниту еден воздржан - резултатот беше 419:0, а останува само да биде потпишан од претседателот на државата Џозеф Бајден за да стапи на сила.

Парламентарната дебата беше кратка и се задржа на темата: Американците сакаат да знаат како настанал смртоносниот вирус и што може да се направи за да се спречат идни епидемии.

Експертите велат дека потеклото на вирусот, од кој само во Америка починаа повеќе од милион луѓе, веројатно нема да се знае многу години - ако некогаш и се дознае.

Претходно, Претставничкиот дом, кој сега е под контрола на републиканците, назначи комисија за да го испита потеклото на вирусот.