Свет

САД ја обвинија Москва дека сака да ја дестабилизира Молдавија

10.03.2023 20:29

Сметаме дека Русија се обидува да ја ослабне владата на Молдавија, секако со крајна цел да види за себе поповолна администрација на чело на земјата, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, денеска ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Молдавија, меѓудругото и со демонстрации, со цел во земјата да инсталира влада што ќе ја поддржува.

Сметаме дека Русија се обидува да ја ослабне владата на Молдавија, секако со крајна цел да види за себе поповолна администрација на чело на земјата, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД.

Молдавија, земја која некогаш се наоѓаше во сферата на руско влијание, сега е предводена од цврсто проевропска власт, како и соседна Украина, која повеќе од една година се бори против инвазијата на руските трупи.

Молдавија во јуни лани, заедно со Украина, доби статус на кандидат за членство во ЕУ, но од почетокот на војната во Украина се соочува со зголемен притисок од Москва.