Временска прогноза
Променливо облачно со слаб дожд и ветер
11.03.2023 08:20
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој попладне во северните делови ќе го промени правецот во северен...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец, кој попладне во северните делови ќе го промени правецот во северен.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.
