Украина

Ескалираат борбите во Бахмут

11.03.2023 10:24

Борбите во украинскиот град Бахмут „ескалираа“, со уште еден притисок на руските сили да ги пробијат украинските одбранбени линии...

Борбите во украинскиот град Бахмут „ескалираа“, со уште еден притисок на руските сили да ги пробијат украинските одбранбени линии кои главно се држат цврсто во последните шест месеци, велат од украинското Министерство за одбрана. Нападнати се околните населени места. Уништени се голем број куќи, станбени објекти, а има загинати и повредени цивили.

„Излегов од мојата куќа и во истиот момент експлодираше бомба. Мојата рака е повредена“, рече Серхи, локален жител.

Вчера, 80 руски проектили паднаа врз цели во Украина. На удар беа енергетските објекти во десет региони како одмазда за минатонеделниот напад во Брјанск, порача Кремљ.