Кина

Ли Чијанг е нов премиер на Кина

11.03.2023 10:24

Новоизбраниот премиер на Кина, Ли Чијанг положи заклетва. Тој е првиот човек на Шангајската Комунистичка партија и ќе го замени пензионираниот Ли Кечијанг...

Новоизбраниот премиер на Кина, Ли Чијанг положи заклетва. Тој е првиот човек на Шангајската Комунистичка партија и ќе го замени пензионираниот Ли Кечијанг.

Премиерот е втората најмоќна функција во Кина по претседателот Џинпинг. 63-годишниот Ли ќе се соочи со голема задача во поддршката на нерамномерното економско закрепнување на Кина соочени со глобалните предизвици и недовербата на потрошувачите и приватниот сектор.

Задачата на новиот кинески премиер ќе биде да ја оживее економијата погодена од тригодишните ограничувања поради Ковид.