Вашингтон

Средба Бајден-Фон дер Лајен

11.03.2023 10:25

Претседателот Џо Бајден и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обид да свртат нова страница во дебатата за даноците и електрични возила...

Откако европските лидери изразија противење на американскиот Закон за намалување на инфлацијата, а кој ги фаворизира електричните возила од американско производство, Претседателот Џо Бајден и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обид да свртат нова страница во дебатата за даноците и електрични возила.

„За нас е многу важно да ги здружиме силите затоа што тоа е од клучно значење за нашата иднина, за борба против климатските промени и ограничување на глобалното затоплување. Ја зајакнуваме соодветната индустрија за чиста технологија од двете страни“, изјави Урсула Фон дер Лајен.

Отворени се преговорите за договор што би можел да ја зајакне употребата на европските минерали клучни во производството на батерии за електрични возила кои се подобни за даночните кредити од САД преку Законот за чиста енергија од околу 375 милијарди долари, кој беше усвоен минатата година.