Колешинскиот водопад и Мокринските извори добиваат нови патеки и урбана опрема
Колешинскиот водопад, но и Мокринските извори на планината Беласица добиваат нови патеки и урбана опрема. Станува збор за проект вреден 63 илјади евра кој се реализира преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Општина Ново Село очекува да се зголеми бројот на посетители на овие два локалитета и да се поттикне руралниот туризам...

До почетокот на летото Колешинскиот водопад, но и Мокринските извори на планината Беласица ќе добијат подобри пристапни патеки и нова урбана опрема. Станува збор за два локалитети кои последниве години станаа мета на голем број туристи и посетители не само од земјава туку и од странство. Патеките но и урбаната опрема ќе биде од природен материјал.
Станува збор за проект кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Ново Село. Целиот проект чини околу 63 илјади евра кој треба да донесе зголемен број на посетители на природните убавини на Беласица.
Градоначалникот на Ново Село Ѓорге Божинов најави дека и оваа година на овие излетничко рекреативни локалитети ќе се организираат манифестации како дополнителни туристички содржини.
Ване Трајков
