Грција

Поранешниот грчки министер за финансии претепан пред ресторан

11.03.2023 11:51

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, бил претепан од група луѓе во познатата атинска населба Егзархија...

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, бил претепан од група луѓе во познатата атинска населба Егзархија.

Според првичните информации, група луѓе најпрвин го нападнале вербално во ресторанот во кој што седел со пријатели, а потоа и физички по што се здобил со скршеница на носната коска. Варуфаиск во моментов е основач и лидер на левичарската партија Европски реалистичен фронт за непослушност.

Од неговата партија велат дека тој бил подложен на „храбар фашистички напад“. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со осуда за инцидентот и посочи дека насилството не може да се толерира.