Италија
Спасувачка операција на италијанската крајбрежна стража
11.03.2023 11:52
Италијанската крајбрежна стража спаси 800 мигранти од два брода во близина на областа Калабрија...

Италијанската крајбрежна стража спаси 800 мигранти од два брода во близина на областа Калабрија. Неколку спасувачки мисии беа извршени изминатите денови откако речиси 3.000 луѓе пристигнаа во близина на италијанскиот брег.
Спасувањето доаѓа речиси две недели по бродоломот во близина на калабрискиот брег кога загинаа 73 мигранти кои ја напуштија Турција. Други 80 беа спасени, но повеќето се водат како исчезнати. Десничарската влада на Италија ја отфрли секоја вина за бродоломот и усвојува нови мерки за сузбивање на криумчарите со мигранти.
