Калифорнија

Бајден прогласи вонредна состојба во Калифорнија која се справува со поплави

11.03.2023 11:52

Американскиот претседател Бајден прогласи вонредна состојба во сојузната држава Калифорнија поради поплавите и брзото топење на снегот...

Американскиот претседател Бајден прогласи вонредна состојба во сојузната држава Калифорнија поради поплавите и брзото топење на снегот.

Во округот Санта Круз, град со 10 илјади жители остана изолиран поради надојдената вода. Во областа на заливот Сан Франциско, поплавите го прекинаа сообраќајот на неколку главни автопатишта. Од Националниот хидрометеоролошки центар најавија изобилни снежни врнежи.

Најновата атмосферска бура, наречена „Ананас експрес“, со себе носи суптропска влага од Тихиот Океан.