Здравство

Струшката нефрологија доби апарат за мобилна хемодијализа

11.03.2023 12:53

Струшката болница за нефрологија доби апарат за мобилна дијализа, како донација од семејството на почината пациентка Софија Огненова, единствената пациентка во земјава која правела дијализа во домашни услови...

Специјализираната болница за нефрологија во Струга доби апарат за мобилна хемодијализа. Апаратот е донација од семејството на Софија Огненова, пациентка која почина лани, а беше единствена во државата која правеше хемодијализа во домашни услови.

Тоа е единствениот таков апарат во болницата со кој може да се помогне во услови на елементарна непогода, но и кога им е потребно на ранливите категории.

„Токму овој апарат може да се вклучи секаде, на секое место, каде било во природа. 0155 На овој апарат дневно можност дневно да се приклучат два-три пациенти или четири пациенти а тоа не е малку“, вели д-р Ацо Попоски.

Софија Огненова започнала со хемодијализа на свои 22 години, била единствена во земјава која сама правела дијализа во својот дом.

„Почна со хемодијализа во приватни услови, дома благодарение на хумани луѓе кои и донираа ваков апарат, а после нејзината смрт ние одлучивме исто така овој нов апарат да го донираме“, вели нејзиниот роднина, Бојан Групчев.

„Ова е апаратот на пациентката Софија Огненова, единствениот пациент во државата кој правеше хемодијализа во домашни услови. Пациент на хемодијализа цели 40 години“, вели д-р Ванѓелка Коваческа-Шавреска.

Софија Огненова била фармацевт по професија објавила книга „Дијализа-еден нула за мене“ како водич за пациентите, но и инспирација никогаш да не се предаваат.

 

Соња Рилковска