Вучиќ: Нема да бидам јас тој што ќе ја потпише независноста на Косово
Наше право и наша обврска е да ја заштитиме нашата земја и националните интереси, но пред сè да ги заштитиме мирот и стабилноста. Нема да бидам тој што ќе им ја потпише независноста на Косово и Метохија ниту де факто, ниту де јуре, нема предавање, изјави српскиот претседател на собир во Врање...

Наше право и наша обврска е да ја заштитиме нашата земја и националните интереси, но пред сè да ги заштитиме мирот и стабилноста. Нема да бидам тој што ќе им ја потпише независноста на Косово и Метохија ниту де факто, ниту де јуре, нема предавање, изјави српскиот претседател на собир во Врање.
Според Вучиќ, геополитичката ситуација во светот е подрастично променета отколку за време на падот на Берлинскиот ѕид, а само некои се прават дека не гледаат колку е тешка положбата на Србија. На 18-ти март во Охрид, српскиот претседател, косовскиот премиер и еврокомесарот Борел ќе одржат состанок во рамки на дијалогот Белград – Приштина. На средбата ќе стане збор за финализирање на Анексот за имплементација на Договорот со ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.
