Битола одбележува 25 години од херојскиот подвиг на Мурато
Со изложба од досегашните 24 пелистердки маршови, битолчани го најавија јубилејот 25 години од херојскиот подвиг на нивниот сограѓанин, Димитар Илиевски- Мурато...

Секоја фотографија на авторот на изложбата е во чест на секој чекор на Димитар Илиевски Мурато, направен во походот кон освојувањето на покривот на светот.
Таму каде што човекот со големо срце со развеното македонско знаме ја направи својата последна фотографија. Моментот кој ја помеша радоста и тагата, но остана потик за традиционалната манифестација која в сабота по 25-ти пат на „Пелистер“ ќе ги собере алпинистите од Балканот. Да се присетатат на својот идол и ја збогатаат фото-докоментацијата сосдавана во негова чест.
„Во нив се регистрирани сите ентузијастички походи што ги правеа учесниците на изминатите 24 планинарски маршеви се додека не се искачат на Пелистерскиот врв. Тоа го велам затоа што на многупати имаше невремиња кои го отежнува искачување, а камо ли да сликаш“, рече авторот на изложбата, фотографот Петар Ставрев.
Пелистер е четирипати понизок од Еверест, но тој тука го создаде сонот да се искачи до местото од кое само небото е повисоко. 10 Мај 1989 година занесот станува јаве, но за жал суровите Хималајски беспатија одлучија вечниот сон тука и да заврши, а за храброто дело да зборуваат неговите сограѓани.
„Бевме пресреќни кога слушнавме дека се искачи и за успехот. Тоа беше голем подвиг за спортот, а за планинарството највисок“, вели Диме Попов претседаел на „ПСК Пелистер“.
„Како локална самоуправа сме горди на славата што на градот му ја подари Мурато. Ние и понатамо со посебна чест и гордост ќе го чествуваме неговиот подвиг“, рече председателката на советот на општина Битола проф. д-р Силвана Ангелевска.
Предизвикот да се стигне до покривот на светот го исполнија уште неколку македонци. Но, за секогаш ќе остане запаметено дека тој е првиот што на Монт Еверест го постави Македонскиот симбол.
Стевче Митревски
