Живот

Мало Коњари со пречистителна станица, ама без функција

11.03.2023 14:58

Прилепско Мало Коњари, речиси градско предградие е единственото село со пречистителна станица која не работи. Отпадните води и фекалиите им ги загрозуваат здравјето и животното секојдневие...

Излеани отпадни води и фекалии, опасност за жителите и околината. При канализациска мрежа и со единствена пречистителна станица од сите населени места, околу 600 жители од прилепско Мало Коњари, не може да имаат здраво и сигурно живеење. Реагираат и бараат решение.

Канализациската мрежа и пречистителната станица се во функција две и пол години, но без технички прием на изведувачот до Министерството за транспорт и врски. Се расипал моторот. Проблемот е од есеноска, ескалира последниот месец.

Прилепски водовод уверува дека за еден месец проблемите ќе се решат.

Мало Коњари е речиси предградие на Прилеп со два откупни пункта за градинарски производи и еден за млеко. Единствено село е кое има пречистителна станица.

 

Елизабета Митреска