Политика

Гаши потврди дека се сретнал со Заев

11.03.2023 15:35

Нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Заев, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши...

Нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Заев, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Неговата реакција следува откако независниот пратеник, Скендер Реџепи објави фотографија од двајцата како разговараат во Струмица, повикувајќи да се објави вистината за разговорите.

Гаши одговори со прашање – по чиј налог ме следат службите на СДСМ и ДУИ. Дека имало средба Гаши – Заев потврди и генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими кој негираше дека се разговарало за уривање на владата на Ковачевски, велејќи дека владата до пролет самата ќе падне. Реџепи е независен пратеник откако ја напушти Алтернатива.