Образование

Матурантите бараат помал материјал за полагање матура и еден испит помалку

11.03.2023 15:41

Организацијата на средношколци бара укинување на еден интерен предмет наместо два како што е досега и скратување на материјалот за полагање на државна матура. Државната матура е составена од полагање на два екстерни и два интерни предмета...

Организацијата на средношколци бара укинување на еден интерен предмет наместо два како што е досега и скратување на материјалот за полагање на државна матура. Државната матура е составена од полагање на два екстерни и два интерни предмета.

Велат тоа го испорачуваат за да им се олесни подготовката за совладување на материјалот кој не успеале квалитетно да го изучат поради штрајковите, дојавите за бомби и онлајн наставата. Овие предлози ќе ги достават до Владата, и до Законодавниот дом.