СОС детското ќе добие светски методи за грижа на дечињата

07.05.2014 10:35

Во организација на СОС Детско село Македонија денеска ќе се одржи воведната Конференција за промовирање на „ПРИДЕ“ интернационално лиценцирана програма, методологија за поддршка на системот на згрижување на деца во згрижувачки семејства.

Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село ќе потпишат меморандум за соработка и имплементација на програмата на „ПРИДЕ“ програмата во Македонија.

Роб Ван Пагé и Жељка Бургунд како претставници на тренинг програмата ќе имаат свое обраќање како и претставници од министерството.

„ПРИДЕ“ програмата е светски признаена методологија и е дизајнирана за подобрување на квалитетот на грижата на децата во згрижувачкото семејство но и стручно оспособување и тековен професионален развој на веќе регрутираните и подготвени згрижувачи.