Археолошката изложба „Првите кралеви на Европа“, на турнеја низ Америка
Најголемата изложба на балканската историја во светот е на турнеја низ Америка. Изложбата е составена од македонски и балкански археолошки предмети, во Чикаго ќе биде отворена на 31-ви март и ќе трае до крајот на годинава, потоа продолжува во историскиот музеј во Канада. Истата до сега гостуваше во Њујорк каде што и беше претставена. Гостувањето на изложбата е во организација на Филдовиот музеј од Чикаго во период од 2022 до 2024 година...

Ова е првата меѓународната изложба на македонски археолошки артефакти во САД и прва и најголема археолошка изложба од Балканот во светот. Со „Првите кралеви на Европа“ македонската и балканската археологија ќе ја оправдаат довербата што ја добија од музејот во Чикаго во која се вклучени 11 земји од Балканот и 23 музеи, рече министерката за култура
На изложбата се очекуваат над милион посетители. Ова е огромен чекор за претставување на нашето културно наследство како во САД така и во светот-вели координаторот на проектот.
Претставниците на музеите од Битола, Прилеп и Гевгелија говорат за артефактите со кои учествуваат во изложбата.
Во септември минатата година започна три годишна турнеа на оваа изложба истата моментално e во Њујорк каде што и беше претставена. На 31-ви март се сели во Чикаго и таму ќе трае до крајот на оваа година, а потоа турнејата продолжува во историскиот музеј на Канада.
Александра Максимовска
