САД

Пропадна една од најголемите банки во технолошкиот сектор на САД

11.03.2023 18:35

Пропадна американската Банка на силиконската долина, којашто важеше за банка на технолошките стартапи...

Пропадна американската Банка на силиконската долина, којашто важеше за банка на технолошките стартапи. Откако првите луѓе на банката најавија потраг

а по повеќе готовина се крена паника кај инвеститорите и штедачите, цената на акциите почна да паѓа, а исплашените штедачи започнаа со масовно подигање на влоговите во вредност од 40 милијарди долари. Тоа придонесе банката да остане без кеш.

Како што пренесуваат медиумите, ова е вториот најголем банкрот на финансиска институција во историјата на САД.