Потреба од лични асистенти за лицата со попречености во Велес
Во Велес има потреба од ангажман на обучени лични асистенти, за лицата со посебни потреби. Во секојдневниот живот бројни фамилии се судруваат со проблем кому и каде да ги остават лицата со попречености. Црвениот крст од Велес организираше обука за лични асистенти...

Во Велес има потребата за грижа на лицата со попречености. Во трка за живот, многу фамилии се судруваат со проблем, каде и кому да ги остават лицата со посебни потреби. Токму поради тоа зголемена е побарувачката за лични асистенти.
Обуката, која е облик на социјална заштита, траеше два месеци. Личните асистенти минуваат по четири часа кај лицата со попречености.
Седумнаесет велешани ги добија сертификатите како посетителите од втората обука за лични асистенти за лица со попреченост и целосно слепи лица. Неа ја организираше Општинската Организација на Црвен крст Велес. Ова е втора обука, првата ја завршија девет и работно ангажирани се пет лични асистенти.
Обуката траеше две месеци и ја реализираа четворица предавачи, лекар, социјален работник, медицинска сестра и дефектолог. Исплатата на ангажираните лични асистент е од средства на Министерството за труд и социјална политика.
Петар Печков
