Македонија

Сојузот на дијабетичари бара да се решат проблемите на дијабетичарите

12.03.2023 09:56

Неодамна се стабилизира состојбата со инсулинот, но другите проблеми останаа на чекање за 116.000 лица со дијабетес во земјава. За околу 600 деца и млади неопходни се сензори за да не се боцкаат 10-пати дневно и да добијат нормално детство...

Нема глукомери, сензори за децата со дијабет, нема иновативна терапија на позитивната листа. Сојузот на дијабетичари на Македонија бара решавање на проблемите за континуирано следење на шеќерот, за да нема несакани последици. Се реши инсулинот, но другите проблеми чекаат.

Со предизвиците се соочуваат 116.000 лица со дијабетес, од кои 45.000 се со инсулинска терапија. Околу 600 се деца и млади до 18 години. За нормално детство им се неопходни сензори за да не се боцкаат 10-пати дневно.

Од први март почна да работи првото и единствено онлајн советувалиште за лицата со дијабетес за како нормално да се живее.

 

 

Елизабета Митреска