Самарас: Грција повеќе нема да бара помош од фондовите за спас
07.05.2014 10:42
Во интревју за грчката телевизија Антена, Самарас нагласи дека економската состојба во Грција се стабилизира...

Грција повеќе нема да бара помош од фондовите за спас, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас. Тој најави почеток на процесот за укинување на даноците воведени како дел од мерките за штедење. Атина од меѓународните кредитори доби 240 милијарди евра помош.
Во интревју за грчката телевизија Антена, Самарас нагласи дека економската состојба во Грција се стабилизира и дека на земјата повеќе не и е потребна меѓународна помош, по добиените 240 милијарди евра од еврозоната и Мешународниот монетарен фонд.
Самарас најави и дека во текот на оваа година Владата планира да почне со постепено укинување на дополнителните даноци, што беа воведени како дел од мерките за штедење, чие спроведување беше услов за добивање меѓународна помош.
