Украина

Зеленски: Злобната држава не остава ништо човечко зад себе

12.03.2023 10:02

Како одговор на последниот бран напади, украинскиот претседател Зеленски вели дека Русија станала синоним за терор и ќе биде пример за пораз и праведна казна...

Како одговор на последниот бран напади, украинскиот претседател Зеленски вели дека Русија станала синоним за терор и ќе биде пример за пораз и праведна казна.

„Ракети и артилерија, беспилотни летала и минофрлачи. Злобната држава не остава ништо човечко зад себе. Урнатини, остатоци, кратери од гранати во земјата – ова е автопортретот на Русија. Во пограничните области, окупаторот гранатираше села за да ги заплаши и избрка луѓето. Русија стана синоним за терор и ќе биде пример за пораз и праведна казна за овој терор. Казна која Кремљ не може да ја спречи“, изјави украинскиот претседател, Володомир Зеленски.

Зеленски најави и санкции против повеќе од 280 компании и 120 луѓе кои работеле против Украина преку шеми за коцкање.