Франција
Усвоен планот за реформи во пензискиот систем во Франција
12.03.2023 10:03
Горниот дом на францускиот парламент го усвои планот за реформа на пензискиот систем, предложен од францускиот претседател Макрон...

Горниот дом на францускиот парламент го усвои планот за реформа на пензискиот систем, предложен од францускиот претседател Макрон.
Владиниот пакет за зголемување на старосната граница за пензија од 62 на 64 години е уште еден чекор кон станување закон.
Во текот на вчерашните протест полицијата се судри со демонстрантите во неколку градови на Франција. Луѓе облечени во црно предизвикаа пожари, уништија автобуски постојки, улична светилка и друга урбана опрема. Најмалку 30 лица се уапсени.
