Калифорнија
Евакуација во Калифорнија, поплавите не стивнуваат
12.03.2023 10:04
Не стивнуваат поплавите во Калифорнија. Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од земјоделската заедница во Северна Калифорнија, позната по родот јагоди...

Не стивнуваат поплавите во Калифорнија. Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од земјоделската заедница во Северна Калифорнија, позната по родот јагоди.
Насипот на реката Пајаро беше пробиен од надојдената вода. Националната гарда спаси повеќе од 50 луѓе рано од заедницата Монтереј Беј долж централниот брег.
Во сојузната држава е прогласена вонредна состојба.
