Раноградинарите од струмичко и годинава се плашат од лош откуп и пласман
Раноградинарите од струмичко стравуваат дека и годинава ќе има ниски цени и лош откуп на произведениот зеленчук. Предвесник на ваквата состојба е пласманот на пиперките за кои со денови нема интерес. Илија Петров кој се вратил од Швајцарија да се занимава со земјоделство во земјава, вели дека се потребни откупно дистрибутивни центри за сигурен пласман и извоз на зеленчукот од струмичкиот регион...

Илија Петров од Банско е меѓу првите производители на лути пиперки во струмичко. Има засадено околу половина хектар под пластеници со ова реколта. Се спрема за следната берба од околу 30 илјади парчиња, но не знае каде да ги пласира. Цената е пет до шест денари по парче, но интерес од откупувачите нема, а на пазарите како што тврди се повеќе производство од други држави.
Петров е повратник од Швајцарија. Печалбата ја инвестирал во пластеници во родното Банско за да може да биде меѓу своите и да развива бизнис. Смета дека во отсуство на организиран откуп тешко дека ќе опстои за што се потребни откупни дистрибутивни центри.
Овој период освен лутите пиперки полека стасува и пролетната зелка. Во наредните денови значително ќе се зголеми производството и понудата на овие култури од струмичко, но и оваа година откупот и пласманот ќе биде најголем проблем на раноградинарите.
Ване Трајков
