Израел
Демонстрации во Израел против реформите во правосудството
12.03.2023 11:14
Граѓаните се против владиниот план да направи драстични промени во правниот систем на Израел, за кој велат дека ќе штетат на демократијата...

Стотици илјади Израелци излегоа на протест против реформите во правосудството. Граѓаните се против владиниот план да направи драстични промени во правниот систем на Израел, за кој велат дека ќе штетат на демократијата.
Реформите најавени од премиерот Нетанјаху имаат за цел на Владата да им дадат пресудно влијание околу изборот на судии и ја ограничува можноста на Врховниот суд да поништува владини одлуки или пак да укинува закони.
Критичарите сметаат дека планираната реформа, која веќе е на дневниот ред на парламентот, ќе го политизира правосудството и ќе биде чекор кон авторитарна власт.
