Калифорнија

Најмалку двајца загинати во силно невреме во Калифорнија, илјадници се евакуираат

12.03.2023 11:15

Уште една моќна бура ја погоди Калифорнија во текот на ноќта, принудувајќи илјадници да се евакуираат...

Уште една моќна бура ја погоди Калифорнија во текот на ноќта, принудувајќи илјадници да се евакуираат. Најмалку две лица загинаа откако попушти насипот во крајбрежниот округ Монтереј.

Националната гарда е на терен. Гардистите ги спасуваат жители заробени во автомобили под висока вода. Уништен е пат во округот Санта Круз, северно од Монтереј.

Најновата бура, дел од моќната атмосферска река позната како „Ананас Експрес“, носи суптропска влага од Хаваите. Се очекува дополнително да биде забрзано топењето на снежните наноси, заканувајќи се да ги влоши поплавите.