НАСА

Четиричлен екипаж на НАСА слета на крајбрежјето на Флорида

12.03.2023 11:15

Четири члена на екипажот на капсулата СПЕЈС ИКС КРУ ДРАГОН слетаа крај брегот на заливот на Флорида, безбедно враќајќи се од петмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица...

Четири члена на екипажот на капсулата СПЕЈС ИКС КРУ ДРАГОН слетаа крај брегот на заливот на Флорида, безбедно враќајќи се од петмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица.

Тимот имаше за цел да спроведе рутинско научно истражување на станицата. Во него беа вклучени првата Русинка која полета на американско вселенско летало во последните 20 години и првата американска Индијанка испратена во орбитата. Мисијата беше шести лет со екипаж на СПЕЈС ИКС за НАСА.

Нејзиниот вселенски брод првпат полета со луѓе во мај 2020 година, кога продолжи со лансирање со екипаж од американска почва по речиси една деценија зависност на САД од Русија од програмата Сојуз за летови на вселенската станица.